Цели на учење
Erasmus+ Project: 2018-1-MT01-KA202-038471 – GreenVET4SDG
Овој проект се однесува на позеленување на стручното образование, кој го опишува развојот на знаења, вештини и ставови кои поттикнуваат култура на одржливи практики во заедницата, работното место и институционалната средина. Позеленување за одржлива средина има за цел да ја подигне свеста кај учениците и наставниците од стручно или академско потекло во врска со концептот и економијата на позеленување на стручното образовение и општествата. Ова се постигнува преку акредитиран модул за обука кој може да се вклучи во која било наставна програма за СОО, или да се изучува како независна програма. Иницијативата се спроведува во рамките на проектот Еразмус+ на ЕУ, 2018-1-MT01-KA202-038471.
Почеток на проектот: 09/2018 Завршување на проектот: 12/2021
Целни групи: Малта, Северна Македонија, Грција, Шпанија
Земји учеснички: Малта, Северна Македонија, Грција, Шпанија
Позеленување за одржливо опкружување е проект на ЕУ Еразмус+ (Клучна акција 2: Соработка за иновации и размена на добри практики) кој вклучува насоки за имплементација за усогласување на наставните програми за стручно образование и стручност со позеленувањето и целите за одржлив развој. Резултатите од проектот се креирани и имплементирани од меѓународните партнери како тим и оттука ги одразуваат нивните специфични национални сценарија.